Ви се обраќам во името на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Регионалниот оддбор на СОНК- Прилеп со што сакам да ја известам јавноста во однос на обидите за спречување на организирање и одржување на утрешниот најавен протест од страна на некои раководни лица во институциите од нашата општина. Истакна на денешната прес конференција регионалниот претседател на СОНК во Прилеп, Златко Думбалоски.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Одредени институции пред се основните и средните училишта денеска закажуваат некакви училишни активности во термините на нашиот протест, иако многу е јасно дека сабота е неработен ден и со тоа прават опструкции и притисоци врз сите наши членови кои сакаат да учествуваат на протестот. Сите релевантни институции во државата се навремено известени за протестот и предупредени дека секое мешање на поединци и организации и оневозможување на истиот ќе биде под кривична одговорност согласно кривичниот законик на РМ.
Ја повикуваме целата јавност и сите организации да ни се приклучат на утрешниот протест и одлучно да одговориме дека повеќе нема да трпиме вакви или слични притисоци и дека ќе дејствуваме во рамките на нашите синдикални надлежности во согласност и со законите, Уставот, меѓународните конвенции и други акти во правец на одбрана на работничките права како и зголемување на социјално-економскиот статус на работниците.
Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да се откажат од обидот за спречувањее на утрешниот протест со цел отпочнување на фер и конструктивен социјален дијалог и уште еднаш им укажуваме дека нема да не предомислат со било какви притисоци утре да го искажеме нашето незадоволство од социјалниот статус во кој се наогаме.
Не треба никој да се сомнева во нашата одлучност дека секој оној кој ќе се обиде да го попречи организирањето и одржувањето на протестот ќе подлежи на кривична пријава од наша страна, што според казнениот законик е казниво дело со затворска казна.
Ги повикуваме сите наши членови и сите граѓани да не подлегнат на притисоците и утре во 11,30 часот пред културниот дом Марко Цепенко да излеземе во што поголем број и да се избориме за нашите права.
Во прилог доставувам дека денеска на 14.12.2018 година во учиилиштата има извадено соопштенија каде што закажуваат наставнички на совет на 15.12 во сабота кога за нас наставниците е неработен ден. И не треба да се организираат активности.
Ова соопштение е од ООУ „Добре Јованоски“ каде што се соопштува дека утре 15.12.2018 ќе иима обука за заштита при работа со почеток во 11 часот. Присуството се вели дека е задолжително на сите вработени.
Исто така вои друго соопштение дека утре ќе се одржи обука со почеток во 10.30 часот за сите наставници во простории на ООУ „Рампо Левката“. Обуките се на тема формативно оценување, еко содржини, јазична писменост. И тука доаѓањето е задочжително за сите наставници.
За таа цел ги повикувам сите надлежни да си ги преземат своите ингеренции и да ни го овозможат нашето уставно право да си го искажеме утре каде што и ниие одбравме да биде неработен ден за да не трпи наставата“, изјавии Златко Думбалоски, регионален претседтел на СОНК.