Биогеографската целина Маркови Кули полека се подготвува да аплицира за влез на постојаната листа на заштита на УНЕСКО, моментално се наоѓа само на привремената. Денеска во Прилеп се одржа јавна расправа за донесувањето на Нацрт-планот за управување за ова заштитено подрачје, кој што ќе биде пак основа за сите понатамошни активности. Токму немањето на план за управување беше главната пречка за влезот во УНЕСКО.
„Природното наследство е валоризирано на степен на привремената листа за заштита на УНЕСКО. Станува збор за еднии компаративни проучувања во едно регионално ниво. Културното наследство исто така е валоризирано до голем степен. Но за постојаната лисита на УНЕСКО станува збор за регионални вредности. Многу пошироки вредности и компаративни проучувања и секако ни е потребно ангажирање на експерти од пошироко значење. Процесот значи зависи колку од нас, така и од помошта на меѓународната заедница. Значи тука се почетните точки, а процесот на валоризација значи и процес на проучување, значи како основа за валоризирањето е проучувањето. Допрва се неопходни одредени проучувања и кабинетски, но и теренски, за да се заокружи овој процес на валоризирање“, изјави Бранислав Ристески, директор на Институт за старо-словенка култура Прилеп.
Во минатото имаше чести уништувања на локалитетот, а во иднина е потребна негова погопема заштита. Моментално се спроведувал проект за инвентаризација на геоморфолошките форми.
„Со примена на современа комјутерска технологија и технологија за тродимензионално снимање на самиот простор и спомениците кои постојат таму. Потоа врз основа на направената инвентаризација ќе може да се вршии мониторинг на сите појави коии се случуваат таму“, истакна Христијан Талевски, Институт за старо-словенка култура Прилеп.
Во заштитениот споменик Маркови Кули покрај природните влегуваат и културните содржини, како што се тврдините, манастирот Трескавец, манастирот во Варош и многубројните цркви во оваа населба.
„Очекуваме дека ќе биде првото подрачје во Македониоја кое што врз база на типично природни карактеристики во комбинација со одредени културно историски споменици и археолошки наоѓалишта, ќе биде навистина заштитено во светски рамки, а тоа ќе приидонесе за многу поголем углед на локалитетот и негова поголем популаризација, а секако во тоа голема придобивка ќе има Општина Прилеп преку зголемување на бројот на посетители, а во исто време заштиита и промоција на сето тоа што вреди на овој простор. Има повеќе начини на заштита, пред се поголема кампања со која ќе се укаже на геоморфолошката важност на локалитетот. Потоа изградба на патеки, мониторинг на она колку се еродира или деградира подрачјето. Сите тие мерки ќе овозможат подолготрајна заштита на самиот простор“, рече проф. Ивица Милевски, институт за географија Скопје.
После Охрид се очекува Маркови Кули да биде вториот регион во Македонија заштитен под УНЕСКО.