Косовската Влада најавува нови економски сакнции кон Србија

Facebook
Twitter
Email
Print

Косовската Влада, на седницата која што е во тек, попладнево ја разгледува можноста за воведување нови економски санкции кон Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

 

Според косовските медиуми, во тек е расправата во Владата за предлогот да се воведе нова такса на увозот на меѓународни брендови од Србија.

 

Со одлуката на Владата на Рамуш Харадинај од 21 ноември, меѓународните брендови беа исклучени од таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи