ВИДЕО – Како Прилеп ќе ја прослави Нова Година и каде ќе одат прилепчани

Кога станува збор за Нова Година мислењата кај граѓаните се поделени. За некои тоа е најлудата ноќ во годината, кога тие најубаво се забавуваат, за други пак е клише кое полека изумира, за трети пак не треба да се дава големо значење на овој ден бидејќи нема што да се слави посебно. Но како и да е дури и најтврдокорните сепак на одреден начин ја чувствуваат празничната атмосфера и еуфорија. Тоа може да се забележи особено пред новогодишните празници каде буквално сите локални, кафани,  пицерии и кафулиња се резервирани можеби 10-тина наназад и буквално неможе да се најде слободно место.

 

ИЗВОР СИТЕЛ !

 

 

Во ова живо јавување за Сител зборуваат граѓани и дел од туристичките агенции во Прилеп. 

 

Инаку оваа година во духот на празниците центарот на Прилеп е навистина прекрасно украсен. Општина Прилеп подготви богата новогодишна програма за претстојните празнични денови, која започна вчера со концертот на класична музика „Предновогодишно со звуците на хармониката“ кој се одржа во НУЦК „Марко Цепенков“.  Дел од Новогодишната програма ќе биде и претставата за деца „Новогодишна бајка“  која ќе се прикажува од 25.12.2018 до 30.12.2018 по два пати во ден (од 11ч. и  од 13ч) во кино „Мис Стон“, во изведба на „Мал прилепски театар“.

 

Секој ден од 25 до 30 декември 2018 ќе се изведуваат улични перформанси „Работилница во Лапонија“ во изведба на  „Чин 4 сцена 5“. Во овој дел ќе биде вклучено и градското вовче како дел од сценографијата и перформансите. Истите ќе се изведуваат на плоштад во текот на денот во одредени временски интервали, како дел од новогодишната програма.

 

Се изработи и ЦД со 10 новогодишни хитови преведени на македонски. Истото ќе биде презентирано во јавност, овие 5 денови и на крај ќе се искористи за новогодишната парада.

 

На 31.12.2018 во 11 часот, ќе започне новогодишната парада од центарот на градот, од локацијата на вовчето. Самото вовче ќе биде дел од парадата, во него ќе се возат ликовите од новогодишната претстава, во специјално спремни костуми за таа намена, Дедо Мраз, џуџињата од уличниот перформанс, како и ликови од детските претстави изведени последнава година во Прилеп. Самото вовче ќе се движи низ улиците на Прилеп и ќе ги повикува децата на плоштад. Истото после парадата ќе се врати на плоштад каде ќе ги донеси Дедо Мраз и екипата. Истите на плоштад ќе се дружат со децата и Дедо Мраз ќе подели по 1000 новогодишни капи, ЦД-ња и полнети чорапчиња. Следи и концерт на преработки во рок поп и џез верзии на детски македонски хитови,  во изведба на групата The Four.

 

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ НА НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА !

 

 

– ЦЕНТРАЛНА ВЕЧЕРНА ПРОГРАМА –

21:30 Настап на Нино Величковски со своите тамбураши
22:15 Настап на Гоце Чоки и Фортисимо Бенд
23:30 Настап на групата The Hounds

23:55 Обраќање на градоначалникот Илија Јованоски
00:00 Огномет
00:45 Dj Dave Schwartz и Dj Alek Young

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи