Со 79 гласа „за“ изгласан Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги

Facebook
Twitter
Email
Print

Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 

Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги се очекува да се обезбеди транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиоадифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизулените медиумски услуги.

 

Во содржината и суштината на предложената измена и дополнување се интегрирани забелешките на новинарските и медиумските организации, а дополнително се вградени и клучните препораки на експертите на Советот на Европа и на ОБСЕ во врска со намалувањето на политичкото влијание медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор.

 

За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го нарече „почеток на неопходните реформи“.

 

Оглас за избор на членовите на Советот на МРТ и Агенцијата за медиуми, треба да се распише во рок  од 30 дена, но поради претседателските избори ќе се изберат кон средината на годината.

 

Здружението на новинарите на Македонија денеска го поздрави договорот на власта и опозицијата да се донесе овој закон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи