15 амнестии одобрени – 14 одбиени за „крвавиот четврток“

Facebook
Twitter
Email
Print

Бројката на лица кои добија позитивни мислења за амнестија за настаните од крвавиот четврток порасна за уште тројца.

 

Од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од Законот.

 

„ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по три барања, а негативно за 14. Со тоа, од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, ОЈО за организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија. Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше по 37 барања за амнестија. Само во еден случај надлежен обвинител има дадено позитивно мислење, а за другите 36 лица мислењето од надлежните јавни обвинители е негативно“, соопштија од  Јавно обвинителство на Република Македонија.

 

Вчера со одлука на судот амнестија добија 12 лица, меѓу нив пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димов. Покрај нив амнестирани беа и уште седум други лица, инволвирани во настаните од крвавиот четврток. Интересно беше тоа што во имињата кои вчера беа објавени, немаше ниту едно од лицата кои беа од организатори на протестите “За Заедничка Македонија”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи