Прилеп конечно доби станица за мерење на квалитетот на воздухот

Во последниот ден од 2018 година, Прилеп доби мерна станица која ќе го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот. Мерната станица е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп.

 

„Со ова е исполнето изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски, дека граѓаните на Прилеп ќе имаат точни информации за загаденоста на воздухот. Со подетални информации за мерната станица, јавноста ќе биде запозната веднаш после Новогодишните празници“, истакнуваат од Општина Прилеп.

 

Неофицијално се дознава дека станицата е поставена од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, но повеќе детали ќе се знаат после празниците.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи