Филмски грабеж во Италија: Го блокирале патот со камиони, па со багери го отвориле комбито со пензии

Facebook
Twitter
Email
Print

Необичен грабеж се случи на автопат во јужниот дел на Италија, каде што, според Ројтерс, биле украдени повеќе од два милиони евра.

 

Синото комби заминало од градот Бари, превезувајќи ги пензиите што требало да бидат предадени во местото Матера, кога патот им го препречиле два камиони. Потоа ограбувачите со багери го отвориле комбето и ги украле парите.

 

Нив ги чекало подготвено возило со кое избегале од местото на инцидентот, а пред да заминат ги запалиле камионите со кои го блокирале патот.

 


 

Според информациите, багерите на никого не му биле сомнителни, со оглед дека во близина се вршеле градежни работи. Како што пренесуваат медиумите, во грабежот учествувале четири или пет лица кои се во бегство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи