Од Општина Крушево информираат дека денеска претпладнево, службите на јавното претпријатие „Комуна“ работеле на патот кој води до манастирот Св. Преображение и истиот бил оспособен за движење на возила. По завршувањето на активностите градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку својот Фејсбук профил порача дека патот е оспособен за движење на возила. Овој локалитет е важен затоа што претставува место кое го посетуваат многу туристи заради Тоше Проески и неговото често доаѓање тука.