Поларниот студ досега однесе 21 живот во САД. Температурите коишто се спуштија до минус 50 степени целзиусови потполно го парализираа Чикаго и сојузната држава Минесота. Дел од настраданите се жртви на сообраќајки, а некои од нив биле бездомници кои замрзнале на тротоарите.
Повозрасните жители се сеќаваат дека ваков студен бран немало во последниве 20 години.
Студот предизвикува проблеми и на електричната мрежа. Во многу сојузни држави се затворени училиштата и некои универзитети. Аеродромите имаат проблем со одмрзнување на леталата и пистите. Американските медиуми јавија дека само вчера биле откажани речиси 5 илјади летови. Се очекува поларниот бран да престане во текот на викендов.