Хонг Конг денес е толку скап за градење, така што е речиси незамисливо некој со просечна заработувачка да купити стан во овој кинески град.
Поради тоа, група архитекти се досетиле да градат куќички што се протегаат на површина од едвај десет квадратни метри. Интересно е што тие се изработени од бетонски водоводни цевки, јави „Бизнис инсајдер“.
Џејмс Лао, еден од хонгконшките архитекти, смета дека овие микро-домови би можеле да ја ублажат станбената криза во градот. Малите куќарки се сè само не типични, а нивниот ентериер е опремен со сите погодности на модерниот дом. Во десет квадрати може да биде сместен кауч кој се расклопува во кревет, полици, фрижидер, микровална печка и тоалет со туш.
Иако дизајнот на куќата моментално е само прототип, Лао наведува дека во иднина планира да ги продава, а неговиот тим бара дозвола за нивна изградба. Секоја куќа чини 15.000 долари и тоа не е евтино, но е многу поевтино од просечната цена за нов дом во Хонг Конг. Имено, стан од 60 метри квадратни во овој град чини неверојатни 1,8 милиони долари.