Човекот има 94 деца, 39 жени и 33 внуци и сите живеат под ист покрив

Зиона Чана е „најбогатиот човек на светот“ со 39 жени, 94 деца и 33 внуци со кои живее во четирикатна куќа во селото Бактванг во индиската провинција Мизорам, и моментално овој Индиец е глава на најголемото семејство на светот.

 

Во четирикатната палата која има дури 100 соби живеат четири генерации, а бројноста на семејството не е конечна. Имено, Чана тврди дека не е исклучено некое проширување на семејството, зошто како што вели, не сака да пропушти ниту една прилика за брак.
Жените делат спални соби, а за да може секоја да добие можност да помине ноќ со својот сопруг постои распоред, најмладите жени се сместени поблиску до спалната соба на главата на семејството, додека постариет се сместени нешто подалеку во куќата.

 

„Ние остануване покрај Зиона зошто тој е најважната личност во семејството, а освен тоа и најзгоден маж во селото “, објаснува Ринкмини (35), една од жените на Чана.

 

Слога, почитување и љубов владеат во семејството Чана, чија организација е налик на воена – жените заедно ги подготвуваат оброците под команда на најстарата, Затианги. Да се нахрани големото семејство не е лесно, па така дневно се подготвуваат околу 70 килограми месо и 50 килограми ориз.

 

 

Еден од синовите на Зиона инсистирал неговиот татко да се ожени со сиромашните жени од своето село за да се грижи за нив.

 

„Се чувствувам како миленик на бога, зошто ми даде толку деца за кои се грижам“, вели 72-годишниот Зиона.

 

Тој е и водач на христијанска секта во рамките на која е дозволено мажот да има онолку жени колку што сака. Во текот на една година тој се женел дури со 10 жени, а нагласил дека заради проширување на својата „секта“ планира да оди во Америка за да се ожени повторно.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи