ВИДЕО – Со пригодна програма и планинарски марш во Прилеп одбележани 75 години од Февруарскиот поход

Со партизански песни, традицонален планинарски марш и пригодна денеска во манастирот Свети Димитрија во близина на Прилеп се одбележа 75 годишнината од Февруарскиот поход, еден од најзначајните настани за време на НОБ. Целта на походот била да го развие востанието против фашистите и да се продолжи кон конечно ослободување на државата и создавање сопствена македонска држава.

 

 

Прилеп градот првоборец треба да се гордее со НОБ, во која тој даде многу борци, многу народни херои, кои искажаа голем патриотизам кон својата држава и дадоа голем придонес во формирањето на македонската држава, како независна држава после царството на цар Самоил. Февруарскиот поход е значаен по тоа што опфаќа една поголема територија, почнувајќи од Дебарца, па Јужна Макекедонија, Источна Македонија, па југозапдна Македонија. Тој поход овозможува да формираат нови бригади, нови партизански одреди и да се омасови народното ослободително движење“, истакна Круме Соколоски, претседател на организација на борци на Прилеп.

 

На свеченоста присуствуваа и организации на борци од другите градови на Македонија кои истакнаа дека, сегашните генерации, треба да продолжат да го почитуваат делата на партизаните.

 

Учесниците во февруарскиот поход беа претежно млади луѓе, но свесни за големината на времето, готови се што имаат да жртвуваат за иднината. Денес најголемо богатство е да се биде свој на своето. Ние продолжувачиите на традициите од НОБ ги одбележуваме сите настани и личности од оваа наша победносна народноослободителна и антифашистичка борба, на народите и народностите кои живеат во Македонија“, кажа Радислав Ѓиноски, претседател на организација на борци од Гостивар.

 

На денешното одбележување на празникот имаше и 100-тина планинари кои направија марш од неколку километри низ планините во околината на Прилеп кој заврши манстирот Свети Димитрија.

 

И ние планинарите од Прилеп, Росоман, Неготино, Битола дадовме свој придонес за одржувањето на оваа манифестација. За момент се присетиовме на тешките услови кои партизаните ги поминале од Мариово до Богомила, патеката беше успешно совладана, гостите ги донесовме тука“, рече Стеван Серваноски, претседател на ПД „Козјак“ – Прилеп.

 

Настанот заврши со посебна пригода и традиционално планинарско гравче за учесниците. Година главен покровител на манифестацијата е Општиина Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи