Бурни реакции во Грција по репортажата на Би-Би-Си за угнетеното македонско малцинство

Facebook
Twitter
Email
Print

Грчката влада планира да испрати писмо до Би-би-си во кое ќе ги побие наводите за тврдењето дека „во земјата постои македонско малцинство што со децении е угнетувано”, како што беше прикажано во репортажата на Би-Би-Си наречена „Невидливото малцинство во Грција – македонските словени“.

 

Во репортажата на Би-Би-Си се вели дека со ратификуваниот договор со новоименуваната Република Северна Македонија, Грција имплицитно го признала постоењето на македонскиот јазик и етничката припадност и дека со децении го негираше постоењето на своето македонско малцинство.

 

„Употребата на името „Македонија“ од страна на соседната национална држава директно и јасно признава дека Македонците се самостоен народ и ја отвора вратата за тешки прашања во врска со историјата на грчкото македонско малцинство“, пишува Би-Би-Си.

 

 

Оваа репортажа ја разбранува јавноста во Грција. Според грчкиот весник „Та Неа“, репортажата на Би-Би-Си е „провокативна“ и дека едвај само неколку дена после влегувањето на Преспанскиот договор на сила и почетокот на новата епоха во односите меѓу Атина и Скопје, веќе се појавиле првите сенки околу името на нашата држава. Тие не се однесуваат толку на името, колку до деталите од договорот и до прашањето дали тие ја отвораат вратата за иредентизмот и за македонското малцинство во Грција, коментира „Та Неа“.

 

Реагираше и најголемата опозициска партија Неа Демократија, која ја повика владата „да ги разјасни овие работи и категорично да каже дека во Грција не постои прашање за македонско етничко малцинство“. Неа Демократија ја обвини владата дека со Преспанскиот договор се отвори Пандорината кутија за неисториските барања и тврдења во однос на Грција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи