Лоазо: Сегашната состојба во ЕУ не овозможува нови зачленувања

Facebook
Twitter
Email
Print

Сегашната состојба во Европската унија не овозможува прием на нови членки во задоволувачки услови, изјави француската министерка за европски прашања Натали Лоазо, во пресрет на нејзината посета на Србија.

 

„Сегашната состојба во Европската унија не дозволува нови придружувања во задоволителни услови, како за Европската унија, така и за новите држави кои би ѝ се придружиле. Треба да ја реформираме Европската унија и да го ревидираме нејзиното функционирање“, изјави Лоазо во интервју за српскиот весник „Политика“.

 

Таа оцени дека Франција верува оти Србија има европска перспектива и дека со Црна Гора е меѓу земјите кои најмногу напредувале на тој пат, отворајќи 16 од 35 поглавја, но како пријател на Србија мора да ја каже вистината.

 

Лоазо вели дека на ЕУ ѝ е потребна реформа, во интерес на нејзините соседи и на земјите кои тежнеат да ѝ се приклучат. Таа потсети дека земјите кандидати за членство мора да ги исполнат сите критериуми, кои се однесуваат на секое поглавје.

 

Француската министерка порача дека европските избори во мај ќе бидат одлучувачки за иднината на ЕУ.

 

„Ќе мораме да обезбедиме мнозинство во Европскиот парламент за да ја реформираме Европа“, нагласува Лоазо во интервјуто за „Политика“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи