Почна вториот Самит Доналд Трамп – Ким Јонг ун во Виетнам

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун се ракуваа на почетокот на вториот Самит фокусиран на денуклеаризацијата на корејскиот полуостров.

 

Двајцата лидери срдечно се поздравија пред американското и севернокорејското знаме во средата навечер во Ханој, повторување на сцената од нивниот, историски, прв самит во јуни во Сингапур.

 

„Чест ми е да разговарам со претседателот Ким“, изјави Трамп за време на кусата изјава пред репортерите, пред закажаната средба еден на еден со вишиот државник од Пјонгјанг. „Мислам дека првиот Самит беше голем успех, и се надевам дека и вториот ќе биде исто успешен или подобар“, оцени првиот човек на САД.

 

Ким изрази очекување дека неговата втора средба со Трамп ќе биде успешна.

 

„Се надевам дека ќе постигнеме резултат и ќе биде поздравен од сите“, истакна севернокорејскиот лидер.

 

По разговорите, Трамп и Ким Јонг ун ќе имаат формална вечера, придружувани од најблиските соработници, вклучувајќи го и државниот секретар Мајк Помпео.

 

Неколку часа пред втората средба со севернокорејскиот лидер, Трамп ги повика неговиот, како што го нарече „пријател“ Ким Јонг ун да го отфрли арсеналот со нуклеарно оружје за да обезбеди блескава иднина за својата држава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи