Хрватскиот бискуп Јурај Језеринац го шокираше светот кога на скандалозен начин ги коментираше скандалите со педофилијата во црквата. Меѓу другото, Језеринац за време на прославата на денот на воената капеланија каде што ја предводеше мисата, рече и дека од абортираните деца се прават најскапите парфеми.
„Денес под жесток удар е само црквата, Католичката црква, а другите не. Интересно, во најголем број случаи се работи за… да не зборуваме за што се работи, за нешто што се случило пред 50, 60, 70 години. Сега, кој може да го докаже тоа. Денес тие секојдневно ги убиваат децата во болниците повикувајќи на правото на жената како нивните деца ги немаat истите тие права. И знаете што се прави со месото на овие деца? Ако не сте знаеле, ќе ви кажам – најскапите парфеми“, рече тој за време на мисата.