Австралиските власти соопштија дека во Пацификот се случува еколошка катастрофа, откако голем брод заринкал и почнал да испушта нафта во близина на светското културно наследство на УНЕСКО на Соломонските острови.
Според оценка на австралиските власти, повеќе од 80 тони нафта се излеале во морето и на брегот на оваа еколошки чувствутелна област, а повеќе од 660 тони нафта и се уште се наоѓаат на бродот кој плови под знаме на Хонгконг и кој се уште испушта нафта.
Австралиското министерство за надворешни работи и трговија предупреди дека постои голем ризик и остатокот од нафтата да истече од бродот, наведувајќи дека се “длабоко разочарани“ од бавната реакција за оваа ситуација.
Како што објасни австралискиот висок комесар за Соломонските острови, снимките направени оваа недела покажуваат дека постигнат е мал напредок во тоа да се запре истекувањето на нафта од бродот, откако тој се заринкал на 5 февруари, пренесува „АП“.
Бродот бил изнајмен од компанијата „Бинтан Мининг“ во Соломонските островите за да пренесе боксит, кој се користи во производството на алуминиум.
Јужниот дел од островот Ренел е дел од културното наследство на УНЕКСО.