Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ денeска e отворена изложба на дела од Струмичката ликовна колонија. Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која посочи дека е пријатно ликовно доживување.
„Во 55-тата Струмичка ликовна колонија учество зеле 16 ликовни уметници од Македонија и од странство кои уметничката инспирација ја црпеле од Струмица и околината за да ги создадат овие 23 слики и два мозаици. Со тоа е зголемен и веќе постоечкиот фонд од приближно 2200 уметнички дела кои се создадени од околу 800 уметници од целиот свет“, посочи Атанасоска на отворањето на изложбата.