За само 2 часа експресно распродадена „Викенд на мртовци“ на „Чин 4 Сцена 5“, прва реприза на 21 март

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Театар „Чин 4 Сцена 5“ со особена гордост Ви ја претставува култната „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“ од големиот Миле Попоски. Со оваа претстава Театар „Чин 4 Сцена 5“ ја започнува една од најголемите хуманитарни акциии во Прилеп. Сите средства собрани од продажбата на влезните билети ќе се насочат на три места:

 

  • Набавка и инсталација на лифт за хендикепирани лица во НУЦК „Марко Цепенков“, за пристап во големата сала;
  • Промена на дограмата на дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“
  • Набавка на четири компјутери за посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“;

 

Со купување на билет, и Вие станувате донатор. Ем гледате претстава, ем донирате.

Во претставата играат членовите на I, II, III група при училиштето за театар, но посебно изненадување е што водечките ликови ги играат ветераните – некогашните членови на театар „Чин 4 Сцена 5“, кои со огромно задоволство ја прифатија поканата да учествуваат во овој огромен проект.

 

Режисер: Саша Нацевски

 

Играат:

Тасе – Александар Димчески
Атина – Симона Трајческа Нацевска
Таца – Сузе Ванеска Вељаноска
Мица – Леона Митревска
Цанде – Тони Дамчески
Томислав – Димитар Паскоски
Ноне – Бобан Смилкоски
Рајна – Теа Кокондоска
Кирца – Валентин Мирчески
Ачко – Марко Ѓорески
Ладе – Мартин Милкоски
Генерален Директор – Милан Секулоски
Секретарка – Лора Штаргоска
Медицинска сестра – Михаела Јованоска
Климе – Христијан Коруноски
Светлана – Теа Кокондоска
Свадбар – Христијан Тунески

 

 

21.03.2019 (четврток)

ПОЧЕТОК: 20:00 часот

ВЛЕЗ: 100 ден.

 

ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ НА ТЕЛЕФОН:
075 48 66 57

како и online на https://res.seatlion.com/12400

Претставата е поддржана од Општина Прилеп, Стопанска комора на Македонија, и НУЦК Марко Цепенков.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video