Театар „Чин 4 Сцена 5“ со особена гордост Ви ја претставува култната „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“ од големиот Миле Попоски. Со оваа претстава Театар „Чин 4 Сцена 5“ ја започнува една од најголемите хуманитарни акциии во Прилеп. Сите средства собрани од продажбата на влезните билети ќе се насочат на три места:
- Набавка и инсталација на лифт за хендикепирани лица во НУЦК „Марко Цепенков“, за пристап во големата сала;
- Промена на дограмата на дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“
- Набавка на четири компјутери за посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“;
Со купување на билет, и Вие станувате донатор. Ем гледате претстава, ем донирате.
Во претставата играат членовите на I, II, III група при училиштето за театар, но посебно изненадување е што водечките ликови ги играат ветераните – некогашните членови на театар „Чин 4 Сцена 5“, кои со огромно задоволство ја прифатија поканата да учествуваат во овој огромен проект.
Режисер: Саша Нацевски
Играат:
Тасе – Александар Димчески
Атина – Симона Трајческа Нацевска
Таца – Сузе Ванеска Вељаноска
Мица – Леона Митревска
Цанде – Тони Дамчески
Томислав – Димитар Паскоски
Ноне – Бобан Смилкоски
Рајна – Теа Кокондоска
Кирца – Валентин Мирчески
Ачко – Марко Ѓорески
Ладе – Мартин Милкоски
Генерален Директор – Милан Секулоски
Секретарка – Лора Штаргоска
Медицинска сестра – Михаела Јованоска
Климе – Христијан Коруноски
Светлана – Теа Кокондоска
Свадбар – Христијан Тунески
21.03.2019 (четврток)
ПОЧЕТОК: 20:00 часот
ВЛЕЗ: 100 ден.
ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ НА ТЕЛЕФОН:
075 48 66 57
како и online на https://res.seatlion.com/12400
Претставата е поддржана од Општина Прилеп, Стопанска комора на Македонија, и НУЦК Марко Цепенков.