Во четврток во 19.30 минути ќе се прикаже најновата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“, претставата „Демократија“. Текстот е на Јосиф Бродски, а режијата на Кирил Петрески.
„Демократија“ е политичка сатира која духовито и умешно го прикажува неочекуваното воведување на демократија во една мала социјалистичка држава. Демократијата настапува нагло и ненајавено, доаѓа „одозгора“, фаќајќи ги министрите сосема неподготвени, поточно, им доаѓа токму за време на ручекот. Министрите, не губејќи ни минута, ги прекројуваат општествените механизми, прилагодувајќи го целиот поредок на својата една и единствена цел – да останат на власт и да продолжат да се гоштеваат во Палатата. Парадоксално или не, добро востановениот тоталитаризам успешно се задржува и во „демократијата“. Во крајна линија, оваа претстава дава одговор на прашањето – што суштински се менува кога еден политички систем се заменува со друг. Одговорот е – ништо. Апсолутно ништоне се менува.
Сценографија: Зоран Николовски
Костимографија: Роза Трајческа-Ристовска
Автор на музика: Марјан Нечак
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
ИГРААТ:
БАЗИЛ МОДЕСТОВИЧ – Марјан Чакмакоски
ИВАН ПЕТРОВИЧ – Димитар Ѓорѓиевски
ГУСТАВ АДОЛФОВИЧ – Михајло Миленкоски
СЕСИЛИЈА МАРКОВНА – Ангела Наумоска
МАТИЛДА – Димитрина Мицкоска
Превод: Кирил Петрески
Инспициент: Елена Иваноска
Суфлер: Лилјана Батлеска
Тон мајстор: Томе Темелкоски
Светло мајстор: Ристе Гркоски
Сликар исполнител: Пеце Ристески
Реквизитер: Гоце Наумоски
Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер: Даринка Богојеска
Заварувач: Гоце Тодороски
Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски