Основниот суд Скопје 2 донесе мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата „До атентатот и по него” на поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.
Забраната следи по тужбата на ексминистерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски поради имплицирана негова вмешаност во атентатот на Киро Глигоров и поради повреда на личните права.
„Ова е преседан, неочекуван преседан, не зборува добро за состојбите и за атмосферата во земјата. Досега не се случило судот да забрани книга“, изјавил Андов за порталот МКД.мк
Според адвоктите на Фрчкоски, книгата содржи шокантно клеветничка содржина, од најексплицитен вид досега напишана, со која е извршена тешка повреда на личните права на тужителот, повреда на неговиот чест и углед како граѓанин.