ВИДЕО – Голема хуманитарна акција на Комфи Ангел за поддршка на младите спортисти

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ денеска се одржа голема хуманитарна распродажба на производи од компанијата Комфи Ангел, а собраните средства ќе бидат донирани на ракометниот клуб „Прилеп 2010“. Од Комфи Ангел истакнаа дека денеска планираат да соберат околу 10.000 евра, а донацијата нема да биде парична туку во опрема која што му е потребна на клубот. Ова е седма година откако Комфи Ангел ја спроведува хуманиитарната акција.

 

 

„Работиме на неколку клучни елементи. Прво им овозможуваме на сите граѓани низ целата земја поблиску и подиректно да видат дел од производството на Комфи Ангел и од прекрасните производи од кои јас сум лично воодушевена од нивниот квалитет и технологијата со која тие се произведени. Вториот елемент е креатиивната и тимска работа на нашите вработени. И третиот сегмент е хуманитарниот. Досега сите години средствата ги дониравме за децата со посебни потреби, оваа година направивме мала промена и средствата ги упатуваме кај младите во спортот. Средствата во Прилеп ќе ги доделиме на РК „Прилеп 2010“ коии се прваци во кадети. Јас им ја честитам таа титула и ги повикувам и другите стопанствениции да се фокусираме малку на спортот кај младите“, истакна Ирена Јакимоска, менаџер на Комфи Ангел.

 

Овој хуманитарен караван покрај Прилеп во наредните месеци ќе ги посети и градовите Битола, Охрид, Гевгелија, Велес, Скопје и Куманово.

 

„Во соработка со општините ќе одлучиме за кои клубовби ќе ги донираме средствата кои ќе се соберат во другите градови. Спрема нашите претходни искуства одзивот на граѓаните е одличен, така е и денес. Во претходните наши акции на децата со посебни им се овозможија играчки и помагала коии им беа потребни“, рече Филип Велески, менаџер за продажба.

 

Од ракометниот клуб „Прилеп 2010“ упатија огромна благодарност до Комфи Ангел за оваа голема поддршка. Клубот го посетуваат 40-тина деца на возраст од 2004 година и помали. Од РК „Прилеп 2010“ побараа и други компании да се вклучат со поголема поддршка за спортистите.

 

„Работиме напорно како клуб и доста посветено. Со таа посветеност станавме и кадетски прваци 2017/2018 година. Исто така и во есенскиот дел тие се прваци во втора група кадети, со реални шанси пак да се игра на фајнл фор и да се одбрани првото место. Со квалитетна работа и посветеност градиме здрав темел за тие деца кои се наша иднина. Треба и другиите стопанственици да не поддржат за да истраеме на нашиот пат, Прилеп да има ракометари кои ќе продолжат понатаму преку спортот да ја промовираат државата и својот град. Но потребнии нии се добрии услови, добри сали, треба тие деца да ги изнесеме и надвор од Прилеп, надвор од Македонија за да видат до кој степен е ракометот таму, да ги одмерат силите со нив, бидејќи само така можеме да да одиме напред. Инаку моменталната состојба со спортот е тешка, недостасува се. Од финансии, до добра инфраструктура. Мора да се подобрат сите услови. Имаме поддршпа од Општината, но тоа не е дооволно. Не може општината да биде главен спонзор на ракометот или кој и да е спорт. Мора да има повеќе стопанственици како Комфи Ангел коии ќе инвестираат во спорот, кој колку може“, изјави Андријано Котевски, тренер на РК „Прилеп 2010“.  

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи