Европскиот парламент го укинува летното и зимско сметање на времето

Европратениците го изгласаа предлогот од 2021 година да престане поместувањето на стрелките на часовникот, односно пресметувањето на зимско и летно сметање на времето.

 

„Земјите кои планираат да останат на летното сметање на времето треба да ги поместат стрелките последен пат во март 2021 година, а оние кои сакаат да останат на зимското сметање на времето во октомври 2021 година“, пренесе Спутник.

 

Македонските граѓани, во недела наутро, треба да го поместат часовникот за 1 час понапред, со што започнува летното сметање на времето, кое ќе трае до последната седмица во октомври.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien