Пентагон одобри милијарда долари за ѕидот на јужната граница на САД

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Американското министерство за одбрана одобри милијарда долари за јакнење на безбедноста на границата со Мексико, објави вршителот на должноста министер за одбрана Патрик Шанахан.

 

Со овие средства ќе се финансира изградбата на 92 километри ограда висока 5,5 метри во близина на Ел Пасо во сојузната држава Тексас, како и градење патишта и осветлување. Инаку, целосната должина на границата меѓу Мексико и САД изнесува 3.140 километри.

 

Во соопштението објавено на интернетската страница на Пентагон се наведува дека овој потег претставува „поддршка на објавата на воредна состојба на 15-ти февруари на јужната граница на САД“. Целта е да се спречат криумчарите на дроги преку границата.

 

Проектот е опишан како „ограда“ а не „ѕид“. Градењето на ѕидот на американско-мексикнаската граница беше клучното предизборно ветување на републиканскиот претседател Доналд Трамп на изборите од 2016-та. Демократите, пак, остро се спротиставуваат на градењето на овој ѕид и настојуваат да го опструираат проектот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video