ВМРО-ДПМНЕ : Прилепчани ќе почекаат за нов театар, Министерството покажа дека има некои чудни приоритети

Денес е Светскиот ден на театарот. Лагите од предизборните ветувања на градоначалникот Јованоски излегуваат секој ден на виделина. Потсетуваме како тој, во предизборната кампања, дирекно пред градскиот театар, вети дека наместо руинираната зграда, ќе се заложи за изградба на нов објект. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Денес нема ништо од тоа ветување. И наместо почнување со реализација на ветеното, прилепчани сведочат како локалната самоуправа наместо реализација на проектите, преку соопштенија го известува за некакви дополнителни анализи, консултации со експерти, смена на планови, обезбедување средства, или, едноставно кажано, ја користи веќе видената ЌЕ реторика за да ја прикрие својата неспособност.

 

И немало да има сега нова зграда како што ветија, туку ќе се градел театар во постојната зграда на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во таканаречениот блок Д.

 

Почитувани, како што тргнала работата прилепчани ќе почекаат за нов театар. Министерството за култура по промената на власта покажа дека има некои чудни приоритети, како со срамната програма, така и со програмата за инвестиции. Нема реализација на ветеното, нема градежни активности, туку има некое мачкање очи со подготовка на проектни програми, идејни решенија и слично.

 

Да го потсетиме градоначалникот во случај да заборавил дека му помина скоро година и пол од мандатот, со што му остануваат  нешто повеќе од две години. И наместо локалната самоуправа да ја замајува јавноста дека се сменил планот, како тоа дека ќе никнеле нови три базени во Точила, или дека ќе се гради театар во Центарот за култура „Марко Цепенков“, да почнат да го реализираат ветеното за кое ги гласаа прилепчани.

 

Воедно, по повод овој ден, сакаме да упатиме честитка до прилепските актери и до сите културни работници кои творат на ова поле. Нивната посветеност, многубројните награди и прикажаните претстави, прават да се чувствуваме горди на нив“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи