Секоја година преку летото езерото Солт Вотер во Вестгејт парк во Мелбурн станува розово и привлекува голем број туристи и друштва од Инстаграм кои едвај чекаат да објават фотографии покрај тој бајковит призор.
Постојат неколку причини, а една е големата количина на сол. Имено, станува збор за многу солено езеро, а кога тоа ќе се поврзе со многу сончева светлина, малку врнежи и алги кои потоа на дното формираат „солена кора“ создаваат црвен пигмент, што доведува до оваа неверојатна појава.
Колку и да изгледа убаво, властите ги советуваат луѓето да не влегуваат во водата, бидејќи високото ниво на солта може да ја иритира кожата.
Езерото останува розово до есен, кога поради пониските температури ја враќа својата сина боја.
Оваа појава не е единствена во Вестгејт, кога станува збор за Австралија. Слична појава се случува и во езерата Крозби, Бекинг, Кениуон и Харди, кои се наоѓаат во Националниот парк мареј Сансет. Розевата боја се јавува и во езероото Хилиер и Хат Лагон.