По 23-ти пат во Скопје синоќа беа прогласени 10-те најуспешни менаџерки за 2018 година. Изборот традиционално го организира агенцијата „Марили“.
На свеченоста која се одржа пред голем број на гости, признанијата ги врачи Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“.
За најуспешни жени менаџери во 2018 година се прогласени:
- Даниела Адемоска – Сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton – Скопје
- Наташа Ангеловска, генерален менаџер на ТРОДАТ-ТРОМАК – Скопје
- Маја Ацески, продукциски и извршен менаџер на „Златекс“ – Скопје
- Ивана Ѓоргиевска Матевска, оперативен директор на ХАСЕЛТ – Скопје
- Марија Секуловска Митревска, генерален менаџер на „Бага Фоод“ – Битола
- Д-р Даниела Карадаков, директор на Бизнис академија Смилевски – БАС – Скопје
- Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерен Комбинат АД Прилеп – Прилеп
- Викторија Рафајловска, генерален менаџер на „Викторија Боб ДОО“ – Гостивар
- Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк Резиденс“ – Скопје
- Ирена Минева, полковник – командант на Воено медицински центар Скопје, АРМ
Оваа година „Марили“ за прв пат додели признание на жена менаџер надвор од приватниот сектор, која е на висока функција во армискиот состав, првата жена полковник во АРМ, Ирена Минева.
289