Тинејџер во САД ги дрогирал колегите на работа за да му биде поинтересно

Тинејџер од Мисури е обвинет дека им ставал ЛСД во пијалаците на колегите од работа, а своето дело го објаснил со зборовите оти неговите колеги биле премногу негативни и нерасположени, а тој сакал тоа да ги поправи, пренесува „Сан“.

 

Ова 19 годишно момче во полицијата признало дека ставало халуциногени дроги во пијалаците на колегите, а сега му се закануваат и неколку казни поради поседување на наркотици и свесно ставање на истите во пијалаците на колегите.

 

Менаџерката на фирмата видела како стои блиску до нејзината чаша со вода, па се одлучила да не пие од неа. Полицијата ја повикала откако таа забележала дека нејзините колеги не се добро и оти еден од нив почнал да се тресе.

 

Кога од полицијата го прашале тинејџерот зошто се одлучил да ги стави наркотиците во нивните пијалаци, добиле објаснување оти тој ги сметал за многу досадни и негативни и дека мислел оти треба да ги поправи нивното расположение.

 

Оваа исклучително невообичаена ситуација се одвивала во фирма за изнајмување автомобили во Мисури.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи