Oсвојувајќи 30 отсто од гласовите на претседателските избори во Украина комичарот Владимир Зеленски води во првиот изборен круг
Половината преброени гласачките ливчиња на претседателските избори во Украина покажуваат предност на комичарот Владимир Зеленски пред актуелниот претседател Петро Порошенко.
„Ова е само прв чекор кон голема победа. Ние сме млади луѓе. Не сакаме да го гледаме сето она од минатото во нашата иднина“, изјави Зеленски по објавувањето на првичните резултати.
Централната изборна комисија соопшти дека Зеленски, комичар кој ја игра улогата на претседател во телевизиска комедија, е на прво место освојувајќи 30 отсто од гласовите. Порошенко, кој е на власт од 2014 година, е на второ место со 17 отсто од гласовите. На трето место е поранешната премиерка Јулија Тимошенко со 13 проценти.
Истражувањата претходно покажаа дека ниту еден од кандидатите нема да успее да освои 50 отсто плус еден глас, така што речиси е извесно на 21. април ќе се одржи втор круг од изборите, со двајца најдобро пласирани кандидати.
Украинците избираат претседател за кој се надеваат дека земјата од 42 милиони луѓе ќе ја извлече од криза, од ендемската корупција, наизглед нерешливата војна со проруските сили на истокот од земјата и економијата која е во проблеми.