Големи балони во облик на женски гради се појавија на неколу места во Лондон, и сè тоа како дел од кампањата за полезноста од доењето, што се води во Велика Британија.
Акцијата, меѓу другото, има за цел и да го урне табуто околу доењето на јавни места. Според британски истражувања, 45 отсто од Британките се чувствуваат засрамено и неудобно да го дојат своето бебе на јавни места поради предрасудите во општеството.
Балоните се појавија на неколку значајни објекти во британската престолнина, како што се Лондонското око, облакодерот „Шард”, Вестминстерската палата. Тие се со различна големина, со пречник од три до шест метри, и во разни бои, отсликувајќи ја различната боја на кожата.
120