Заев: Ќе отвориме бизнис-форум со повеќе од 400 стопанственици од двете земји

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас најавија засилување на меѓудржавната соработка преку повеќе проекти, на нивната заедничка прес-конференција одржана попладнево во Владата.

„Од 17 јуни кога нашите земји го потпишаа Преспанскиот договор, пишуваме историја во неколку наврати. Грција прва го потпиша протоколот за НАТО, деновиве мојот и нашиот пријател Алексис упати повик до ЕУ да ја искористи приликата за да ги победи силите на назадувањето, за победа на политиката на напредок. Кога ќе погледнете од денешна перспектива, гледате пропуштени прилики. Кога ќе погледнете кон иднината, гледате соседи, со храбри одлуки и желба за заедништво. Тоа што изгледаше невозможно денес е реалност. Преспанскиот договор е во полн ек и овозможува да се искористат потенцијалите. Изградената доверба доведе до денешниот Совет за соработка“, порача Заев.

 

Македонскиот премиер го најави и отворањето на нов граничен премин кај Кавадарци.

 

„Го потпишавме акциониот план за активностите на министрите. Од огромно значење се потпишаните референдуми. За да овозможиме плодоносна реализиција на спогодбата од Преспа го воспоставивме Советот за соработка на високо ниво со кој ќе претседаваат претседателите на владите. Потпишавме договор за отворање на нов граничен премин кај Кавадарци, што ќе даде значителен придонес за уште поголемо зближување на нашите народи. Ќе го отвориме бизнис-форумот со повеќе од 400 стопанственици од двете земји. Со овој форум обновуваме историски простор во кој нашите земји се природно упатени една на друга, се создава можност за инвестициска, културна и трговска размена. Оваа посета и седницата се силен израз на заедничката политичка волја за соработка. Убеден сум дека нашата посветеност и посетата ќе бидат препознаени за поддршка за подобрување на добрососедските односи. Алексис е мој другар и пријател на нашата земја. Препорачувам сите ние да градиме пријателство со Грција, како и со останатите соседи“, истакна Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи