Арената „Филип Втори“ во историја, новото име е „Тоше Проески“

Арената „Филип втори“ заминува во историјата. Градскиот стадион во Скопје доби ново име, Национална арена „Тоше Проески“. Веста на Твитер ја објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, според кого преименувањето било во чест на пејачот кој оставил траен белег на македонската и регионална современа историја.

 

„Утрово на редовната 129 седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална арена „Тоше Проески“, напиша Бошњаковски на Твитер.

 

Овој пред се фудбалски стадион го носеше името „Градски“, за во 2009 година да се преименува во „Филип Втори“, за сега да го носи името на нашата најголема музичка ѕвезда.

 

Новото име е уште еден знак на добра волја на Владата кон затоплување на односите со јужниот сосед. Пред минатогодишната официјална посета на земјава на тогашниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас, аеродромот кој од 2006 се викаше „Александар велики“ стана Меѓународен аеродром Скопје, а автопатот наместо „Александар Македонски“ доби ново име „Пријателство“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien