ВИДЕО – Силјаноски : Нов Закон за социјална заштита не е донесен, ВМРО-ДПМНЕ дезинформира, не се кратат правата на лицата со попреченост

Со популистички форми на приближување до народот, вчера имавме можност да ја проследиме прес конференцијата на Ирена Стерјоска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Со нејзината наративна импровизација и се обрати на јавноста дека е донесен нов Закон за социјална заштита, што не е вистина. Истакна на денешната прес конференција директорот на Центарот за социјална работа од Прилеп, Живко Силјаноски.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Затоа во старт, како јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, ја демантираме Стерјоска-Локвенец и ја известуваме јавноста дека новиот текст на Законот за социјална заштита сеуште  е во собраниска процедура и очекуваме неговот брзо донесување. Но никако во правец на кажаното.

 

Со социјалните реформи и предложениот закон не се кратат, туку се напредуваат правата на лицата со попреченост, и тоа преку неколку основни начела. Начелата се внесени во текстот на новиот закон и имено член 15 вели дека начелото за еднаков третман и недискриминација е како прво основно начело. Во член 17 имаме начело за партиципативност, член 18 начело за индивидуализација и член 22 начело за најдобар интерес.

 

Социјалната реформа се воведува со две целосно нови услуги за лица со попреченост. Имено, првата е лична асистенција и втората е домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лица со интелектуална попреченост, додека додатокот за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува за 50% од просечната нето плата. Посебниот додаток за истата оваа категорија за поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост се зголемува за 15%.

 

Вредно е да се слушне дека се воведува и таканаречен траен надоместок за родител кој се грижи за дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст, а притоа без да го има истото сместено во некои од институциите во државата.

 

Се прави голема штета што на пресот се зборува за незнаење или намерно, за две различни категории за згрижување на деца со попреченост, во згрижувачки семејства и во биолошки семејства, а притоа не се кажува за нивната разлика и зошто тие примаат различен паричен надоместок. Одговорот е едноставен. Во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп креираат дезинформации. Имено згрижувачките семејства се сервис за потребите на Министерството за труд и социјална политика, со однапред утврдена цена на услугата која ја обавуваат, додека биолошките семејства имаат законска обврска да се грижат за своите деца, согласно Законот за семејство.

 

Почитувана јавност, вистина е дека овој досегашен Закон за социјална заштита, донесен и надградуван од претходната власт, спремен е според мое мислење да заврши во корпа за отпадок, пред се поради својата досфункционалност. Очекуваме, како Центар за социјална работа Прилеп сет нови закони од сферата на социјалната заштита, каде сега имаме нова утврдена минимално загарантирана помош за секое домаќинство, која во пари искажана ќе биде неколку пати повисока од износот на досегашната. Затоа демантираме дека се укинуваат одредени права на социјални трансфери, напротив, истите се редизајнираат и се инкорпорираат во збирно право во минимална гарантирана помош.

 

Затоа вреди се што досега не е кажано, на еден ваков начин и во функција на потребите на граѓаните, да го афирмираме и појасниме“, истакна Силјаноски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи