Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија.
„Владата на РСМ на оваа своја седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување постапка за склучување договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во 2019 година во вкупен износ од 30.000.000 денари да се вклопат во рамките на расположливиот буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година“, соопштија од Владата.
Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.