Во сабота и недела ( 13 и 14.04.2019 ) во големата сала на домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток во 20 часот ќе се прикажува филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Режијата е на Теона Стругар Митевска, а играат Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев
Траење на филмот: 100 минути
Земја / година: BEL, HRV, FRA, MKD, SVN/2019
Жанр: Драма
Возрасна категорија: 16+
Влез: 150 денари.
Влезници на билетарницата на НУЦК „Марко Цепенков“, секој работен ден од 10 до 18 часот.