ВИДЕО: Јункер ќе ги запалеше претседателот на Руанда и неговата сопруга

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер присуствуваше на прославата на 25-годишнината од геноцидот во Руанда минатата недела, во кој загинале околу 800.000 луѓе. Церемонијата се одржа во меморијалниот центар во главниот град Кигали.

 

Јункер беше во друштво на претседателот на Руанда, Пол Кагаме и неговата сопруга, Џенет. Сите заедно со факели, симболично го запалија свечениот пламен, по што Јункер се сврте да го предаде факелот на неговата помошничка, која пак ја спречи фаталната несреќа, Јункер да ги запали Кагаме и неговата сопруга.

 

 

Ова е само еден од серијата инциденти на 64-годишниот луксембуршки политичар.

 

Во јули минатата година, Јункер е снимен како се тетерави и едвај одржува рамнотежа на самитот на лидерите на НАТО, поради што присутните лидери мораа да му помогнат да не падне.

 

Во октомври минатата година, Јункер ја имитираше британската премиерка Тереза Меј и танцуваше на сцената. Два месеци подоцна, тој фрлаше документи на подот и една жена ја допираше по косата, ја бакнуваше и прегрнуваше.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи