Се запали мотор на Боинг 737 на писта само неколку моменти пред полетувањето на аеродромот во Москва. Избегната е трагедија, бидејќи патниците брзо го забележале пожарот на моторот.
Инцидентот се случил на авион на Утер, кој требал да лета од Москва до Махачкала. Патниците снимале како пламенот го зафатил десниот мотор, додека го снимале самото полетување.
Тие во паника скокнале од нивните места и побарале авионот да застане. Неколку патници дури и го отвориле излезот за итни случаи и скокнале на десното крило.
Сите патници подоцна биле префрлени во друг авион за да го продолжат летот.