Австралиецот со македонско потекло, 13 годишниот Даниел Лазаревски, улови рекордно голема и тешка туна од 150 килограми. Ова не е негов прв улов, но е дефинитивно најголем, пишуваат австралиските медиуми.
Тој во 206 година заедно со неговиот татко ја улови првата своја туна капиталец од 116 килограми и влезе во архивите на светските рекорди како 10 годишно момче. Сега го подобри својот рекорд и очекува наскоро да му се верификува и да ја добие заслужената награда од неколку десетици илјади долари.
127