Кабинет на Иванов: Одлуката на Антикорупциска е политичка

Facebook
Twitter
Email
Print

Одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесе прекршочни пријави против шефот на државата  претставува“политичка одлука”, со соопштение реагираа од Кабинетот на претседателот.

 

Од таму наведуваат дека целосно ги отфрлаат тврдењата дека со донесувањето на указите претседателот постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата. Изразуваат разочарување што Државната комисија за спречување на корупцијата не ги земала предвид образложенијата и законските основи врз кои претседателот ги донел указите.

 

„Претседателот на Република Македонија ги донесе указите во согласност со Уставот на Република Македонија и законите. Како врховен командант, Претседателот на Република Македонија нема обврска да бара одобренија за надлежности кои му се пропишани со закон”, наведуваат од Кабинетот на Иванов.

 

Антикорупциската комисија вчера поведе две прекршочни постапки за Иванов поради донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборен период, што според нив претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи