На денешната отворена седница Државната изборна комисија ги разгледа 14-те приговори поднесени од штабот на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Половината од нив се прифатени.
Станува збор за две гласачки места во Кавадарции по едно во Охрид, Куманово, Кичево, Аеродром и Центар.
На избирачко место во Кичево во периодот од 15 до 17 часот гласале 297 гласачи или во превод на секои 24 секунди по еден гласач. Поради тоа, Комисијата донесе одлука да се отвори гласачкиот материјал и да се направи проверка. Беше констатирано дека гласале 412 гласачи запишани во избирачкиот список, но при проверката беа најдени и четири дополнителни гласачки ливчиња.
На спорните гласачки места нема да се прегласува бидејќи резултатот од избирачките места не влијаел на конечниот резултат.