Индиската влада ќе евакуира преку 800.000 луѓе и е во состојба на готовс поради тропскиот циклон Фани, кој што се очекува да го погоди источниот брег на земјата.
Прабхат Ранјан Мохапатра, висок офицер во канцеларијата за итна помош соопшти дека тимовите веќе се на место и дека мора да евакуираат 800.000 луѓе од државата Одиша на побезбедни места.
Како што пренесува Ројтерс, евакуацијата ќе се спроведе со автобуси, бродови и возови, а раселените ќе бидат распоредени во прифатни објекти, училишта и универзитети.
Индиската Национална агенција за справување со катастрофи претходно неделава соопшти дека силниот циклон ќе го погоди брегот на Одиша на 3 мај со обилни врнежи и со брзина на ветрот од 175 до 205 километри на час.
Сезоната на тајфуни во Индија обично трае од април до декември, со силни бури кои често наметнуваат потреба од евакуација на илјадници луѓе. Често пати невремето зад себе остава многу жртви и штета на посевите и имотот во Индија и во Бангладеш.