ВИДЕО – „Преспанскиот херој“ – Васил Јанкула, го започна својот голем подвиг, денеска пристигна во Прилеп

„Преспанскиот херој“, Васил Јанкула од Ресен, е лице кое боледува од церебрална парализа. Со својот трицикл тој планира да помине над 900 км. за 7 дена од Ресен, преку Битола, Прилеп, Градско, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица повторно да се врати дома. Неговиот подвиг го започна денеска и доцна попладнево пристигна во Прилеп каде ќе биде неговата прва точка за одмор. Целта му била да докаже дека сите лица се еднакви.

 

 

„Пред се сакам да му се заблагодарам на Бога. Денешното возење беше супер, најтешко беше кога дуваше ветер. Целта ми е да направам нешто, да докажиме дека ние лицата со посебни потреби можиме се да направиме“, изјави Васил Јанкула, велосипедист од Ресен.

 

Васил Јанкула е придружуван од неговиот тренер, кој исто така вози велосипед заедно со него. Тука се и неговиот брат и еден другар кои ги пратат со возило.

 

„За овој подвиг трениравме 4 месеци, а тренинзите беа низ Преспа, Битола, Галичица и дел во теретана. Ние мислиме дека оваа цел ќе ја оствариме двајцата заедно. Крајот ќе биде најтежок, Охрид-Ресен“, рече Тони Ангеловски, тренер на Васил.

 

 

Васил вели дека нема да се откаже по никоја цена и ќе докажел дека и лицата со хендикеп можат да направат подвизи како и другите лица. Се надева дека и односот на општеството кон лицата со попреченост ќе се подобрел во иднина.

 

„Тоа ми е целта да не се откажувам, да одиме напред, само напред, само така можиме да стигнеме до нашите цели и соништа“, додаде Васил.

 

Наредна негова станица е Велес, а во недела ќе биде во Скопје каде ги повикува да го поддржат сите љубители на велосипедизмот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи