Осум претстави во официјалниот дел 54-тиот „Војдан Чернодрински“, Владимир Милчин и Бајруш Мјаку добитници на награда за животно дело

Педесет и четвртото издание на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп годинава ќе се одржи од 7 до 15 јуни. Осум претстави ќе бидат во официјалната конкуренциија : „Макбет“ од МНТ Скопје, „Странци“ – Драмски театар Скопје, „На отворено“ – театар Комедија Скопје, „Смртта на Дантон“ од Албанскиот театар, „Физика на тагата“ – кумановскии театар, „Бакхи – краток преглед на распадот“ – Народен театар Битола, „Животинска фарма“ – театар Струмица и „Пиреј“ во изведба на театарот од Прилеп. Новитет е воведувањето на награда од публиката.

 

 

„Прилепската публика која што е, најодговорно тврдам, најдобрата пубклика во Македонија која знае да следи театар од оваа година ќе има можност да гласа за претставите. Бидејќи главната награда, фиигурата на Војдан Чернодрински е бронзена, оваа ќе биде изработена од мермер“, истакна Катарина Хаџи Василева, уметнички директор на фестивалот.

 

Наградите за животно дело годинава одат кај Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Фестивалот со театарска музика ќе го отвори Влатко Стефановски, а која претстава ќе биде прва прикажана засега останува тајна. Не се знае ниту точниот број на претстави кои ќе бидат во неофицијалниот дел.

 

„Ја враќаме тркалезната маса, каде што ќе има и критичари и публиката ќе може да остане да постставува прашања. И тоа ќе се одржува после претставата. Бидејќи тогаш се уште се свежи импресиите, актерите се уште тука“, додаде Хаџи Василева.

 

Чернодрински е најрепрезентативниот театарски фестивал кај нас. Тука публиката има можност во текот на 8 дена да го види најдоброто од оваа уметност во Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи