Апартман за сите љубители на серијата „Game of Thrones“

Сите љубители на популарната серија „Game of Thrones“ сакаат да бидат во светот на своите херои, да седат на железниот престол или да го посетат замокот „Winterfall“. Ова е делумно возможно благодарение на хотелот во Њујорк, „Refinery“, кој дизајнирал посебен апартман под името „Lannister’s Lair“.

 

Апартманот инспириран од познатата серија е создаден за сите љубители на серијата кои би сакале да ги гледаат премиерните епизоди на „Game of Thrones“ во вистински кралски стил. Апартманот нуди специјални јадења по пример земен од серијата, чаша полна вино и необична атмосфера создадена од декорацијата: многу свеќи, змејови и што е најважно, пристап до HBO и HBO GO.

 

 

Како гостин во хотелот „Refinery“ во Њујорк можете да се чувствувате како вистински крал. На рецепција гостите добиваат оброк сочинет од ладно месо и две шишиња црвено или бело вино. На менито се наоѓаат и специјалитети како што се свинска подколеница, зелен грашок, риба, ѓумбир, маслинки, бадеми и компири.

 

 

Апартманот изгледа импресивно, а цената за една ноќ е 569 долари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи