„Преспанскиот херој“, Васил Јанкула, денеска на 5-тиот ден од својата тура го освои и Маврово. Утре заминува за Дебар.
„Ова беше најтешкиот дел од мојата замислена тура. Имаше многу магла и нагорнини. Сега мислам дека се ќе биде полесно“, изјави кратко за Инфо Компас, Васил.
Јанкула е од Ресен и е лице со церебрална парализа. Со својот трицикл тој планира да помине над 900 км. за 7 дена од Ресен, преку Битола, Прилеп, Градско, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица повторно да се врати дома.