Голема акција Европол – запленети осум милиони евра, дијаманти, злато, накит и луксузни автомобили

Во координирана операција против продавачи на дрога ширум Европа, уапсени се 22 лица, информираше денеска Европол. Како што се наведува во соопштението, лидер на криминалниот ланец е 48 годишен Летонец уапсен во Шпанија.

 

Полициската акција се спроведувала во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија.

 

Европол наведува дека ова е најголема операција од ваков вид во која за два дена е извршен претрес на 40 домови, запленети се осум милиони евра, дијаманти, златни прачки, накит и луксузни автомобили.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien