Предавање за лажните вести и медумската писменост на средношколците од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево

ЛАГ Агро Лидер започна иницијатива за Промовирање на медиумската писменост и граѓански активизам во руралните средини со поддршка на Македонскиот Институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности и медиуми од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија. Во рамките на проектот „Медиумска писменост и граѓански активизам во руралните средини“ денес (27.05) се одржа првиот настан на тема „Медиумска писменост и справување со лажни вести“.  Настанот се одржа во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево.

 

„Во време кога постојано сме опкружени со различни медиуми, неопходно е да умееме како да се справиме со неконтролираниот наплив на информации. На луѓето, особено на младите им се потребни нови вештини и знаења за да можат да учествуваат во општствениот живот користејќи ги медиумите и новите информатички технологии. Граѓаните кои се медиумски писмени се свесни за содржината што ја користат, како ја нашле, кој ја направил и со која цел. Промовирањето на медиумската писменост  и справување со лажни вести значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Демократско општество претпоставува непречено уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предуслов за изразување на граѓаните и активно граѓанство. Луѓето во руралните средини, особено младите имаат голема потреба од медиумса писменост и умешност за справување со лажни вести.”

 

 

Според Дарко Штаргоски, од порталот Инфо Компас, кој денеска одржа предавање за лажните вести во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ живееме во ера кога најпродаваниот производ во светот е информацијата или веста. Исто така најголемата зависност во овој момент во светот биле информациите или вестите.

 

„Имаме масовна хиперпродукција на информации со кои ние како индивидуи сме буквално „бомбардирани“ од сите страни. Најголем дел од тие информации за жал се небулози, обични глупости или непотребни работи. За жал денеска информацијата стана измислена потреба за граѓаните. Нас реално воопшто не ни се потребни толку многу информации колку што секојдневно допираат до нас. Над 90% од информациите кои ги примаме преку мас медиумите веднаш по читањето ги забораваме. Освен што се непотребни, голем дел од тие информации за жал се и лажни или fake news. Ние само примаме информации, без да размислиме дали тие воопшто се вистина или лага, дали се добри или лоши. Како во целата оваа каша на информации да го изгубивме критериумот за оценунање на информациите. Лажните иинформации понекогаш се толку добро спакувани, толку добро направени, што човек навистина не знае понекогаш на што да верува. Бидејќи живееме во свет каде информацијата е наше секојдневие, кое неможеме да го смениме, тогаш за да се намали влијанието на лажните вести како единствено оружје ни преостанува медиумското описменување кое треба да започне уште од училишните клупи за знаеме како да ги препознаеме овие манипулации“, истакна Дарко Штаргоски, новинар.

 

 

Во наредниот период ЛАГ Агро Лидер и Инфо Компас активно ќе работат на зајакнување на поддршката на граѓанското новинарство и медиумската писменост во руралните средини.

 

 

Оваа вест. е поддржана преку проектот „ Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести “, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во веста се единствена одговорност на авторот и на ЛАГ Агро Лидер, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи