ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Поради неработењето и расипништвото на СДСМ Прилеп наликува како во времето од пред 15 години, градоначалниот нема ставено ниту една шајка

Се наоѓаме во центарот на Прилеп каде од ден на ден се губи автентичноста и убавината на градот. Фонтаните, хортикултурното уредување и чистотата беа препознатлив знак за градот во изминатите години, а денеска, благодарение на негрижата и неработењето на актуелните локални власти и градоначалникот Илија Јованоски, централното градско подрачје се повеќе наликува на периодот од пред 15 години. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Фонтаните се претворени во вистинско ругло, покриени со испокинати церади и полни со ѓубре, како локалната самоуправа да се плаши дека ќе фати мраз во јуни.

 

Состојбата е иста и во парковите на улицата „Димо Наредникот” и Могилата на Непобедените. Оваа грда слика ја гледаат сите минувачи, туристи и посетители, а власта на СДСМ наместо да работи и да го направи Прилеп примамлива дестинација за посета, за нив е поважно да го променат името на општината и да ја додадат творевината Северна.

 

Наместо Прилеп и прилепчани, за нив во преден план се благодетите кои ги носи кожената фотеља во канцелариите, која патем ја користат за да се расфрлаат со стотици илјади денари на банални работи. Веќе видовме како директорот на Водовод, за само три месеци успеал да потроши милионска сума на репрезентација, адвокатски и нотарски услуги.

 

Додека Прилеп тоне на секој план, функционерите на СДСМ се расфрлаат со народните пари на ручеци, кафеани и друшби без воопшто око да им трепне. Цели 20 месеци откако ја презедоа власта, овие луѓе на чело со Јованоски немаат заковано ниту една шајка во градот, а тоа сега е видливо и од авион.

 

Се чини дека расипничкото владеење на Владата од СДСМ се прелеало и на нивните градоначалници, директори и функционери. Затоа, почитувани сограѓани, доаѓа крајот на ваквото владеење и ваквите политичари. Доаѓа крајот на лажните ветувања и неостварени очекувања!

 

Прилеп не заслужува ваков нечовечки третман и Прилеп мора да добие луѓе кои ќе го сакаат градот и ќе се вложуваат искрено и чесно да работат за подобро место за живеење“, истакна Петкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи